Повик за избор на спортист за 2017

04 Јан 2018
322 пати

Општина Кочани во соработка со Сојузот на спортови - Кочани и Асоцијацијата на новинари – Кочани и годинава

ја организира манифестацијата Избор на спортист за 2017 година.
На манифестацијата ќе се изберат:
- најдобар спортист за 2017 година;
- најдобар млад надежен спортист;
- најдобра екипа;
- најдобар тренер;
- спортски работник.
Право на учество во изборот имаат сите спортисти, екипи и спортски работници од клубови со дејност спорт, регистрирани во општина Кочани, а секој кандидат требa да поднесе копија од клупската легитимација.
При пријавувањето e потребно да се достават податоци за постигнатите резултати и копии од добиените признанија за освоени места (од турнир, државни и меѓународни натпревари).
Пријавите треба да содржат и податоци од лице за контакт со телефонски број.
Рокот за пријавување е до 20 јануари 2018 година, а документите се доставуваат до Одделението за јавни дејности преку Едношалтерската канцеларија во Општина Кочани.
Телефони за контакт: 033 274 001 локал 116; 072 275 610
Општина Кочани
Одделение за јавни дејности

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.