ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ВОДОКОРИСНИЦИТЕ ЗА ИЗМЕНА НА ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА НАВОДНУВАЊЕ ЗА СЕЗОНАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ ЗА 2017 ГОДИНА

05 Апр 2017
1480 пати

АД ВОДОСТОПАНСТВО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА - СКОПЈЕ, ПОДРУЖНИЦА БРЕГАЛНИЦА

КОЧАНИ ГИ ИЗВЕСТУВА ВОДОКОРИСНИЦИТЕ ОД ПОДРАЧЈЕТО НА ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ХМС „БРЕГАЛНИЦА“ ДЕКА И ПОКРАЈ СИТЕ ПРЕВЗЕМЕНИ ПОДГОТВИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ЗА УСПЕШНО И НАВРЕМЕНО ЗАПОЧНУВАЊЕ НА СЕЗОНАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ ЗА 2017 ГОДИНА, ПОРАДИ НЕПОВОЛНАТА ХИДРОЛОШКА СОСТОЈБА, МАЛИТЕ КОЛИЧЕСТВА НА ВРНЕЖИ ВО ПРЕТХОДНИОТ ПЕРИОД, НЕДОВОЛНОТО КОЛИЧЕСТВО НА АКУМУЛИРАНА КОЛИЧИНА НА ВОДА ВО АКУМУЛАЦИИТЕ, МОРАШЕ ДА НАПРАВИ ИЗМЕНА НА ГОДИШНИОТ ПЛАН ЗА НАВОДНУВАЊЕ ЗА СЕЗОНАТА 2017 ГОДИНА.
ДЕТАЛНИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПЛАНИРАНИТЕ ПОВРШИНИ ПО КУЛТУРА, МЕСТО ВИКАНО И КАТАСТАРСКА ОПШТИНА СОГЛАСНО ИЗМЕНЕТИОТ ГОДИШЕН ПЛАН ЗА НАВОДНУВАЊЕ СЕ ОБЈАВЕНИ НА ОГЛАСНА ТАБЛА ВО УПРАВНАТА ЗГРАДА НА ПОДРУЖНИЦА БРЕГАЛНИЦА КОЧАНИ И ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА ОД ПОДРАЧЈЕТО НА ДЕЈСТВУВАЊЕ НА ХМС БРЕГАЛНИЦА.
СИТЕ ВОДОКОРИСНИЦИ ИМААТ ОБВРСКА ДА СЕ ПРИДРЖУВААТ НА ИЗМЕНЕТИОТ ГОДИШЕН ПЛАН ЗА НАВОДНУВАЊЕ.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.