Давитков во Дубаи, од тренерската клупа на Al Wasl: „Овде ми е убаво, уживам во секој ден!“

24 Мар 2015
1928 пати

„Ние тренерите сме светски патници, ќе видиме што носи иднината“, ни рече Јорданчо Давитков, одговарајќи на

прашањето во интервјуто за КФМ Радио, дали размислува за враќање во Европа после петте национални титули и селекторската функција во земјите од Арапскиот свет...

1. Каква е ситуацијата со твојот клуб во Дубаи? Кави се резултатите во првенството и другите натпреваруванја? Минатата година не успеавте во финалето од првенството ?

Ј.Д. - Веќе трета година сум во Al Wasl каде многу ме почитуваат и ценат ( досега многу ретко некој тренер се задржал подолго од една година на клупата, а јас сум овде веќе трета година по ред) и секоја година се обидуваме да ја надградиме нашата игра. После освојувањето на среберениот медал на Првенството на Гулф земјите и во првенството на Обединетите арапски емирати минатата година, сезонава ќе се обидеме да одиме чекор напред. Имаме проблеми со повредите на играчите, но и покрај тоа што настапуваме со половина јуниорски тим, сеуште сме на врвот на табелата и се надевам дека до почетокот на плеј-офот ќе се комплетираме.

2. Подолг период си надвор од Македонија. Започна во Исланд, сега си во Дубаи во Арапските емирати. Од таа перспектива како гледаш на кошарката во татковината? Бевме четврти на едно ЕП, па на следното имавме не така добар резултат. Сега повторно изборивме пласман на континенталното првенство ?

Ј.Д. - Веќе седум години сум надвор од македонската кошарка и добро е што оваа година има 4-5 клуба кои се борат за титулата. Сигурно дека овој ќе биде еден од поинтересните плеј-оф натпреварувања во Македонија. Единствено нешто што не ми се допаѓа е што дури шест странци можат да настапуваат за еден клуб. Тоа е премногу и нема простор за домашните млади кошаркари да имаат поголема минутажа, а без игра никој неможе да стане вистински кошаркар. На пример, во ОАЕ само еден странец има право да биде во екипа и по правило тоа се скапи странци, но не се дозволува таа бројка да биде поголема, иако финансиските можности на клубовите во ОАЕ се далеку поголеми отколку во Македонија.

3. Според тебе како ќе помине македонската кошаркарска репрезентација на ЕП 2015 ? Ние сме во групата во Загреб.

Ј.Д. - И посакувам многу среќа на нашата репрезентација, имаме група во која можеме, ако сме спремни, да поминеме понатаму, а уште повеќе поради близината, Македонија ќе игра во Загреб како на домашен терен, со голем браој наши навивачи.

4. Имаше импресивни резултати во Кувајт, сега си во Дубаи. Остануваш ли и понатаму во араспиот свет?

Ј.Д. - Во овие седум години, фала му на Господ, постигнав навистина одлични резултати и во Кувај и во Обединетите арапски емирати и се гордеам со тие резултати. Дефинитвивно, моето име Jordanko, стана бренд на овие простори и респектот и почитта ште се изразуваат кон мене, навистина се на високо ниво. Засега сум овде, а дали и следната сезона ќе останам на тлото на Арапскиот свет ќе одлучам по завршувањето на договорот во мај, кога ќе ги разгледам сите опции. Овде ми е убаво и уживам во секој ден. За понатаму ќе размислувам во мај.

5. Не размислуваш за тренерска кариера во европски клуб?

Ј.Д. - Засега сум овде. Поитуван сум и ценет. Задоволен сум од тоа. Следниот предизвик каде ќе биде.....ќе видиме. Седум години бев селектор на македонската репрезентација, доста бев присутен во европската кошарка и во зависност од примамливоста на понудите – се е возможно. Ние тренерите сме светски патници, ќе видиме што носи иднината.
И.С.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.