Мијата - музичар и контролор на летање: „Се вљубив во Пониква!“

05 Јан 2015
2565 пати

Според многумина, еден од најдобрите вокали кај нас, Наташа Мијатовиќ – Мијата, првите денови од новата 2015 година ги помина во Кочани,

во „Еурохотелот Гратче“ и на Пониква. Вели, рекреативниот центар на Осоговските Планини е прекрасен, се вљубила во Пониква. Мијата во мометот е актуелна со хитот „Еден ден“. Престојот во Кочани го збогати со посета на нашево Радио. „Многу ми е драго што разбрав дека Кочани ФМ Радио е едно од најслушалните локални радија во Македонија, па затоа од срце посакав да ја споделам мојата музичка приказна токму со вашата ценета публика“, меѓу другото истакна во интервјуто Мијата, чиј глас се споредуваат со гласот на Арета Френклин.

- Заедно со Андријана Јаневска во моментов сте актуелни со „Еден ден“, песна која можела да биде насловена и како „Божиќна“, така?

На 31 декември официјално пуштивме во етер еден дует насловен како „Еден ден“. Јас и Андријана Јаневска сме исполнувачи и автори на песната. Јас сум автор на музиката и текстот, Андријана е аранжер, композицијата се снимаше во продукцијата на нејзиониот сопруг, Гиновски. „Еден ден“ го имаше работниот наслов „Божиќна“, меѓутоа не бевме сигурни дали ќе ја звршиме песната до Божиќ и ја пријавивме на третиот конкурс за добивање средства за подршка на македонската музика, сепак со наслов „Еден ден“. Тематиката е спиритуална, свечена, поради што песната е божиќна, но остана насловот „Еден ден“. Инаку, направена е многу поодамна. Има интересна сторија за неа. Ја направив во Сплит, кога бев на натпревар за француска шансона, 2003-та година. Ја претставував Македонија. Бевме сместени во некој религиозен самостан во Сплит. Можеби поради местото и неговиот карактер, не знам, но песната се роди таму.

- Зошто „Еден ден“ ја испеа токму со Јаневска?

Јас и Андријана сме девојки од населбата Радишани во Скопје. Двете одевме во ОУ „Ацо Шопов“, двете пеевме во истиот хор. „Еден ден“ е песна во која има терци, во која два гласа хорски треба да се спојат од почетокот до самиот крај, и затоа што двете сме, нели, радишанки. Андријана Јаневска ми е драга личност, уште од детсвото сум поврзана со неа. Таа ме асоцира на чистина. И, поради уште нешто. Има една реклама за „Мерси“, која ја пее Андријана, но многу блиски луѓе ме прашуваа дали јас ја пеам таа реклама. Оттука сватив дека луѓето мојот и гласот на Андријана ги дозживуваат како слични и сродни, можеби и затоа сакав со неа да испеам дует, за да бидеме како еден глас што се двои. Мислам дека компактибилноста на нашите гласови во оваа песна публиката лесно може да ја почуствува.

- Како го одбра Кочани како место каде што ќе ги поминеш првите денови во новата година?

Во Кочани дојдов на 1 јануари, сопругот и детете ме собраа од работа. Многу, многу ми е драго што сум овде. Најпрвин, овде имам блиски пријатели, кои ми го прават градот уште посакан, потоа, што неколку пати досега сум била на „Гратче“ и сега се сместив таму. Но, да не се лажеме, вистинската причина што сум тука е снегот на Пониква. За прв пат ја видов Пониква. Што да ви кажам: сонце, падина блага, луѓе прекрасни, храна вкусна. Како од бајките. Искрено да ви кажам прв пат сум таму и навистина Пониква ја доживеав како од бајките. Просто неверојатно ми беше дека постои такво место кај нас, а јас досега не сум го посетила. Ширината, снегот, отворениот поглед кон сите планини во Македонија. Ми беше прекрасно. Освен ова, патот беше исчистен, се достапно, не наидовме на ниту еден проблем. Ама и ги почуствував забите на Осоговијата кога започна да дува ветер. Сега веќе можам да кажам дека сум заљубена во Пониква.

- Пониква, сепак, го нема педигрето на Маврово, на пример?

Тоа е така само поради маркетингот. Можаби и поради тоа што не е доволно инвестирано, бидејќи не се изградени поголеми хотели. Меѓутоа, ако се протне рекламна кампања од типот „Пониква место каде што вашето дете за прв пат може да застане на скии“ и то се форсира упорно, мислам дека вашата планина и тоа како ќе биде посетена. Еве, јас имам четиригодишно дете, со маж ми не скијаме и за нас Пониква е перфектна. Маврово ни е поблиску, има повеќе објекти, инфраструктура. Но, патеките за скијање се на сенка, студено е, не е за деца. Пониква повеќе ме потсетува на Попова Шапка -енергетски, а е уште попитома, поубава е.

- Те немаше еден извесен период за да „воскреснеш“ минатата година?

2014 беше феноменална за мене. Направив солиден „камбек“. Во август ми излезе песната „Ко деца мали“, потоа настапив на Скопскиот фестивал со „Заљубен“, во меѓувреме ја издадов „Телото гори“, која е македонско-англиска и годината ја завршив со „Еден ден“ (дуетот со Андријана Јаневска). 2015-та, пак, ќе биде многу работна некаде до март, кога планирам да го издадам својот прв албум. Всушност, албумот ќе биде збир на се досега што имам објавено и можеби уште неколку нови. На идејата за издавње албум започнав да работам во 2010-та, но ме стигна бременоста и се друго отиде во втор план. Освен ова, јас работам како контролор на летање што е одговорна работа, поради што музиката е жртва. Сепак, веќе 80 отсто од песните ги имам, останува само технички да се доврши, да се спакува и да се промовира. Албумот ми е како книга во библиотека. Си влегуваш и од полица си го земаш ЦД-то на Мијата, бидејќи тоа веќе постои. Така гледам на суштината на издавањето на албум. Плус, мислам дека моите песни заслужуваат издание и да стојат некаде на некоја полица како албум на Мијата.

- Музичар и контролор на летање, тоа се две, барем навидум, сосема спротивни професии. Обичен човек неможе да пронајде нешто заедничко помеѓу нив?

Контролор на летање е многу занаетчиска работа за којашто не треба многу спремање. Едноставно или си роден за тоа или не си. Контролор на летање е тој што го наведува пилотот и му кажува каде да оди, да слета и да полета. Јас сум терминален контролор (полетување и слетување). Работам на микрофон. Еве ја првата сличност со пеењето. Има ука за оваа професија, но не многу. Како и за пеењето, треба дошколување. Но, контролата на летање е талент даден од Бога. Или те бива ил не те бива, како и пеењето. Во контролата на летање нема многу размислување. Те води инстиктот. Ние сме обучени и истренирани, но кога ќе дојде некоја ситуација, инстиктот е тој што решава. Така е и во музиката, нема предомислување, колебања и компензации. Инстиктот те води дали песната ќе биде добра, кој текст да одбереш. Двете професии што ги работам имаат многу сличности, иако тоа не е забележливо на прв подлед.

- Сепак, контралота на летање те спречува да бидеш присутна пред публиката во континуитет?

Мојата работа е во смени и тоа тоа ми ги ремети ангажманите за свирки и настапи. Пред неколку години имав едно шоу насловено „Јабуки и круши за уметнички души“. Тоа беше вистински перформанс кој го играв на повеќе места во Македонија. Значи се може. Мене не ми одговараат ад-хок ангажмани. Потребно ми е однапред да знам кога и каде ќе настапам. Но, за публиката во Кочани би настапила во секое време и со задоволство. Во периодот, пред нас, кога ќе завршат празниците, ќе се оддадам на завршување на албумот. Тоа, во моментов е мојата прва цел. На крај, им ја честитам Новата година на вашите слушатели и на вас во КФМ Радиото, на публиката. Сите да му се препуштиме на она што го носи Божиќ. Дуетот со Андријана, „Една песна“, е како создадена за овие празнични денови...

Оценете ја оваа вест
(6 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.