Веб страната е најдобра долгорочна инвестиција

24 Дек 2014
2136 пати

„Ако не постоите на Интернет, Вие не ни постоите“, велат маркетинг експертите на денешницата. Поради овој нов тренд во начинот на достапност при водењето на бизнис, интернет страниците и е-продавниците насекаде во светот, а посебно во Македонија последниве неколку години доживуваат енормен раст.

Немате интернет страница се уште? Не знаете каде да закупите домеин или што е тоа хостинг?

По тој повод ја посетивме новата Агенција за ИТ услуги и маркетинг Процес Ин, а направивме интервју со Ѓоре Димов, за многумина  Стамбол – директор кој ја опиша својата компанија како тим од кретивни умови и искусни програмери, тим кој повеќе од една деценија работи со досегашната ИнДизајн (http://www.indesign.mk) на македонскиот и странските пазари во доменот на програмирање и дизајнирање интернет страници, хостирање и регистрација на домени, професионални видеа, графички дизајн, мобилни апликации, електронска трговија (е-продавници), микространици итн.

Ново отворената компанија Процес Ин е и една од трите овластени компании кои што со најновите измени на правилникот на Македонската академска истражувачка мрежа Мар-Нет, ќе биде овластен правен субјект, авторизиран од Мар-Нет за закуп на македонски мк. Домеини, со овластен пристап до Регистарот за било какви промени, по барање на клиентите.

Прашања:

 

1.  ШТО ЗНАЧАТ НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛНИКОТ НА МАР-НЕТ? ДАЛИ ТОА ЗНАЧИ ДЕКА ЦЕНАТА НА ЗАКУПОТ НА ДОМЕНИ ЌЕ СЕ ПРОМЕНИ-ЌЕ СЕ НАМАЛИ ИЛИ ЗГОЛЕМИ?

Со најновите измени на правилникот на Македонската академска истражувачка мрежа Мар-Нет ќе се дозволи на овластени регистрари да им понудат на корисниците полесно да регистрираат домени. Пример, ако некој во Гевгелија сака да регистрира домен, наместо да мора да доаѓа во Скопје да поднесе барање за регистрација во МАРНет, ќе може да помине кај наш локален регистрар и да си добие .мк домен.

За жал, нема да има онлајн регистрација на домени бидејќи нема законски начин како да се регулира тоа. За разлика од комерцијалните генерички домени како .com, за националните домени како што е .мк доменот е потребно верификација на тој што го регистрира доменот.

Бидејќи има многу барања за популарните домени, за да биде фер регистрирањето и да се додели на тој што ќе го искористи како што треба, наместо само да го закупи без интернет сраница, една од идеите во Процес Ин т.е http://www.inhost.mk e да се отвори аукција за домени, додека претпродажбата на домените ќе биде забранета.

Цената на домените ќе остане иста кај нас доколку корисникот купи и хостинг, но пазарот ќе биде отворен за сите овластени регистрари да си стават своја цена.

 

2. ДОКОЛКУ НЕКОЈА КОМПАНИЈА САКА ДА СИ НАПРАВИ СВОЈА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА ШТО СЕ И Е ПОТРЕБНО И КОЛКУ ТРОШОЦИ ВО ПРОСЕК ТОА ПОВЛЕКУВА?

Првично би поставил прашање „Колку имаат изгубено компаниите кои немаат интернет страница“ а веднаш потоа би напоменал „За изработка на интернет страница гледајте како на долгорочна инвестиција, а не како на трошок“. Веб страната е препознатлив елемент,  најдобра долгорочна инвестиција која опфаќа домен, хостинг и материјал од информативен карактер.

За да биде страната достапна на интернет посетителите, истата треба да се постави на сервер (хостинг) и треба да и се додели конкретна WWW адреса т.е. домен. Никогаш не било полесно и поевтино да се регистрира домен и да се обезбеди хостинг како што ние тоа го нудиме во денешно време.

 

3. ШТО ЗНАЧИ ТОА ХОСТИНГ И КАКО СЕ НАПЛАЌА?

Во светот е веќе незамисливо малите бизниси да немаат сопствена веб презентација и продажба преку интернет. За оваа намена Ви е потребно место каде сите тие елементи ќе бидат сместени и достапни за глобалната интернет популација. Тоа место го обезбедувате преку хостинг компанија т.е. закупувате хостинг простор.

Овој пазар во Република Македонија некако во последниве години бележи голем раст,  но во исто време проследен со премногу неправилности, „измами“ и секако несоодветен квалитет во однос на она што еден регистрант ќе треба да го добие.

Повеќе информации на нашата интернет страна http://www.inhost.mk

 

4. ШТО СЕ НУДИ ВАШАТА КОМПАНИЈА?

Освен развојот на нови интернет страници, зголемен е бројот на клиенти кои побаруваат од нас дополнителен развој на своите страници како и долгорочно одржување на истите. Секојдневно сме во потрага на идејни решенија, оптимизирање на код согласно SEO стандарди, развивање на веб апликации и техничка припрема на нови проекти врз основа на побарувања.

Исто така, годинава ќе се фокусираме повеќе и на сопствениот маркетинг, затоа што Процес Ин е  вклучена во глобализацијата, односно натпревар со домашни и странски конкуренти и не смееме да си дозволиме да бидеме незабележливи”, ги објаснува Стамбол идните планови.

 

5. КОЈ Е ИНТЕРЕСОТ ЗА МОБИЛНИ АПЛИКАЦИИ? ДАЛИ МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ ПОЛЕКА ПРЕМИНУВААТ КОН ОВИЕ ПОСОФИСТИЦИРАНИ МОБИЛНИ АПЛИКАЦИИ?

Инвестиравме во знаење и технологија за развој на апликации од причина што светските трендови во моментов покажуваат интерес и поголемо користење на Интернетот преку мобилните паметни уреди и таблети.  Уште едно поле на зголемен интерес е и развојот на апликации за електронска трговија, а во тек сме да се вклучиме и во индустријата за игри  за мобилни телефони и социјални мрежи.

Исто така доста популарни и побарувани ни се апликации со кориснички интерфејс кој се неопходно во ова денешно време за да една индивидуа или компанија функционира надвор од границите.

 

6. ПРОЕКТИ КОИ ШТО БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИСТАКНЕТЕ, ИЛИ ПАК МОЖЕБИ НАЈАВИТЕ?

Со гордост би го истакнале проектот „Бесплатни веб страни“ за сите Македонски компании, кој беше стартуван по повод 10 години постоењето на INDESIGN.mk и до денес е со реализирани 73 бесплатни интернет страници.

10 БЕСПЛАТНИ МАКЕДОНСКИ Е-ПРОДАВНИЦИ е нашиот следен проект кој ќе го означи 13-от роденден, а со цел да се стимулира електронската трговија во Македонија. Имаме мал број на интернет продавници и со овој проект ќе им овозможиме на сите правни и физички лица изработка на комплетни електронски продавници. За повеќе информации при крајот на месец март на интернет страната http://inshop.mk.

 

7. ВАША ЛИЧНА ПОРАКА ДО НАШИТЕ ЧИТАТЕЛИ?

Во ерата во која што квалитетот и брзината на протокот на информации е клучна во опстојувањето на индивидуите и бизнисите, дозволете ни да направиме нешто поразлично за Вас.

Технологијата сега има поголеми информатички капацитети и ресурси од реалните потреби.

 
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.