Stand up со Бојан Велевски во Класик Кафе!

12 Мар 2018
1235 пати

Бојан Велевски повторно во Кочани! Овој пат во најурбаното место во градот – Класик Кафе! На понуда е

неговиот најнов материјал од 60 минути кој го изведе во Домот на АРМ по повод 8-ми март.
• “Драго ми е што после неколку месеци конечно најдовме вистински партнер во Класик кафе! Станува збор за одлично организиран локал со долга традиција и среќен сум што имаат чувство за ваков тип на настани кои ретко се случуваат во Кочани. Доаѓам со новиот материјал и сигрен сум дека одлично ќе си поминеме.” – вели, Бојан.
Настанот е закажан за 16-ти март (ПЕТОК) со почеток од 21ч. Карти нема да се наплаќаат, ама затоа резервацијата е задолжителна!
Телефон за резервации 078 238 620.
Додека чекаме да дојде петок, едно клипче од Бојан за загревање:

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.