На две значајни личности од нашата историја на денешен ден во 20. век им згаснаа животите.

Пред 117 години, на 4 мај 1903 година, кај Баница, Егејска Македонија, загина големиот македонски револуционер Гоце Делчев. На 4 мај 1980 година, пак, во Клиничкиот центар во Љубљана почина Јосип Броз Тито, претседател на СФРЈ и водач на партизанската војска во Народно-ослободителната и антифашистичка борба во Југославија во Втората светска војна.

Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите, е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.

Се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.

По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков. Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година биле пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

 

Симболично, со полагање свежо цвеќе на спомениците и спомен-обележјата посветени на македонскиот

Дождот не ги попречи виничани денес достојно со сите почести да оддадат почит пред

Започнува конзервација и реставрација на керамички материјал од археолошкиот локалитет

Деновиве беше извршено воведување во работите за изградба на спомен-обележјето

Во месноста Свиланово, во близината на Рајчани, беше одбележана 112-годишнината од смртта на македонскиот револуционер и учител, претседателот

Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани промовиран е зборникот на Македонскиот манифест, насловен „Име од светлина и рани“. На промоцијата

Теракотните икони од Виничкото Кале во кои се вградени теолошките пораки од Стариот и Новиот Завет

Во петок , 30-ти септември, општинскиот одбор на Сојузот на борците на Општина Виница организира одбележување

Центарот за култура „Бели мугри“ во соработка со Општина Кочани организира Бела ноќ,

Страница 1 од 3