Од 15 ноември - Влез во објекти само со две дози вакцина или прележан Ковид

14 Ное 2021
796 пати

Од утре, 15 ноември, за влез во објекти е потребно сертификат/потврда за извршена имунизација од коронавирусот, односно примени две дози на вакцина

против заразната болест ковид-19 или сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, соопшти Министерството за здравство.
Досега, за влез во објекти беше доволна една примена доза од вакцината против ковид-19.

Заклучно со 11 ноември, вкупно се вакцинирани 812.631 граѓани, ревакцинирани се 783.880, а трета доза примиле 51.531 граѓани. 54% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)