Испечатете ја страната

ДЗС – Конкурсот за попишувачи и инструктори продолжен до 12 август

05 Авг 2021
478 пати

Државниот завод за статистика ги известува заинтересираните лица кои сакаат да се ангажираат во

спроведувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија – 2021, во својство на реонски попишувачи и реонски инструктори дека јавниот конкурс наместо до 5 август ќе трае до 12 август 2021 г.
Заинтересираните кандидати можат да достават електронска пријава, која е достапна на веб-страницата на Државниот завод за статистика, до 12 август.
Кандидатите што ќе се пријават, потребните документи ги поднесуваат исклучиво во хартиена форма по пошта до Државниот завод за статистика, ул. „Даме Груев“ бр. 4, п. фах 506, најдоцна до 16 август 2021 г. или на денот на закажаното тестирање во просториите каде што ќе се спроведе тестирањето.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

Последни објави radiokocani.mk

Поврзани вести