Христос воскресе! Нека ни е честит Велигден

02 Мај 2021
732 пати

Православните верници изминатата ноќ, точно на полноќ, започнаа да се поздравуваат со христијанскиот поздрав Христос воскресна – Навистина Воскрена

и со кршењето на велигденското јајце го започнаа честувањето на големиот христијански празник Велигден.
На Велика сабота ноќта – на полноќ, се објави најрадосната вест – веста за Христовото воскресение. Тоа е најсветлата ноќ – ноќ посветла од ден.
Велигденската радост е најголемата и најсветлата радост на христијаните. Таа е радост за најголемиот празник, за најголемиот ден – Велигден – радост за Воскресението на Господ и Спасител Исус Христос.
Таа радост е света радост и не е споредлива со никоја друга радост. Таква радост нема и не може да има. Таа радост е вечна како радоста на блаженството – а блаженството е постојана радост на душата.
Радио Кочани ви го честита Велигден, бидете радосни, дарувајте љубов. Мир, спокој и хармонија нека владее во вашето секојдневие.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)