Вечери на македонскиот афоризам на 3 април Кај дабот

27 Мар 2021
266 пати

Деветтото издание на манифестацијата Вечери на македонскиот афоризам во Кочлани овој пат, поради

Ковид 19 пртоколите, ќе се одржи преку ден. Одржувањето на манифестацијата е закажано за 3. Април 2021 година (сабота) со почеток во 12 часот, на локацијата Кај дабот во близина на село Бели. Организторите се надеваат дека до тогаш нема да дојде до заострување на безбедносните мерки и дека манифестацијата ќе се реализира според предвиденото сценарио.
На Деветтото издание на оваа манифестација е планирано, со свои афоризми од најновото творештво, да настапат следниве афористичари: Ружа Стојмилова и Јане Атанасов од Кочани, Васил Толевски, Љупчо Силјановски и Марјан Анѓеловски од Скопје, Ристо Филчевски и Ацо Ѓорѓиев од Струмица и Атанас Крлевски од Велес.
На манифестацијата ќе бидат доделени наградите од конкурсот, чија тема годиава беше ПРАВО И ПРАВДА. Жирито во состав: Љупчо Силјановски – претседател и м-р Доне Донев и Иван Котев – членови, ги додели следниве награди:
Прва награда во износ од 5000 денари на Димитар Илиев Вилазорски од Велес
Втора награда во износ од 3000 денари на Ацо Ѓорѓиев од Струмица и
Трета награда во износ од 2000 денари на Јане Атанасов од Кочани.
Освен овие парични награди, жирито додели и шест пофалници и тоа на: Васил Толевски, Марјан Анѓеловски, Витомир Долински, Миле Ѓорѓијоски, Драганчо Тасевски Изворски и Ристо Филчевски
Управниот одбор на ЗГ Афористичка репрезентација на Македонија одлучи Специјалната плакета за особен придонес за развјот на хуморот и сатирата во Македонија оваа година да му биде доделена на Атанас Крлевски од Велес. Наградата на добитникот ќе му биде врачена на оваа манифестација.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)