Здружението на новинарите на Македонија работи против интересите на своите членови

24 Фев 2021
516 пати

По јавното соопштение од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) дека реагираат на најавата за

измени на медиумската регулатива во делот кој се однесува на забрана за рекламирање од централната и локалната власт во медиумите, односно измена на членот 102 од законот, ние медиумските работници од локалните и регионалните радиа жестоко се спротивставуваме на ваквиот став, со најава дека веднаш ќе го откажеме своето членство во организацијата, која е формирана и создадена од сите нас, и треба да се бори и да ги застапува нашите интереси. Во целиот овој период медиумите емитуваат информации и јавни кампањи од министерствата и локалните самоуправи, кои се од јавен интерес за граѓаните и заедницата.

Побаравме, ни велат оттаму, да си платиме за услугите, но не известија дека членот 102 тоа не го дозволува. Па, така, веќе неколку години електронските медиуми се единствените во земјава што работат бесплатно, поточно не наплаќаат за услугите што ги вршат (овозможуваат) кон јавниот сектор. А и во услови на корона ги подмируваме сите обврски. И за плати и давачки кон државните агенции, струја, вода, телефонија, ќирии... Е, веќе крајно време е. Социјалните мрежи и комуникациската група во која се вклучени педесетина локални радија од Здружението АЛРА вријат од коментари. Колегите јавно прашуваат дали и весниците не се медиуми ? Таму државата испумпува силни милиони, ама тоа не било поткуп. Дека никој од Скопје не ни помислува за правата на медиумските работници од внатрешноста на државата – нека се снаоѓаат како знаат и умеат. Е, токму затоа, претставници на реномирани радиа од Куманово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Кочани и останатите излегуваат со јавни написи на своите веб портали дека јавно се откжуваат од ЗНМ, бидејќи сметаат дек Здружението работи на штета на новинарите и медиумите. Со целосна наша подршка пренесуваме дел од мислењата и ставовите.

radio.jpg

Медиумските работници од радио Бум јавно се откажуваме од здружението на новинари на Македонија биејќи сметаме дека работат на штета на новинарите и медиумите.

,,Бесплатни објави и огласи може да има но само на националниот сервис, а претставниците на Здружение на новинари и останатите придружни здруженија кои сакаат да станат големи уредници во медиумите, да почнат да се грижат за новинарите, а не за финансирањето на приватните медиуми. ЗНМ да си ја гледа работата за што се регистрирани, а не да водат политика со амбиции за високи позиции во власта како што имаме и примери од минатото. Барам јавен одговор колку членови ЗНМ имаат од Куманово? Дали колегите го обновиле членството кое е истечено? Колку пати ЗНМ имаат дојдено во Куманово и од што се плашат да дојдат?
Убаво беше што слушнавме дека прашувате за нас пред неколку дена , но да ви кажеме Куманово е на 30 километри од Скопје и во Куманово има новинари за кои треба да се интересирате, а не за тоа како медиумите ќе обезбедат средства.
Ако треба бесплатно да се објавуваат кампањи, ќе се вработат новинари кои ќе работат бесплатно. Дали вие , ЗНМ како здружение работите бесплатно? Колку проекти имате добиено и колку средства добивате од донаторите за проекти преку грбот на новинарите? А логично е ако велите дека медиумите ќе ги поткупи владата дали вие сте поткупени од донаторите па давате пример?
Оваа е безобразно и дрско од страна ЗНМ и јавно ќе прашам, зошто не реагираа кога се даваат субвенции на весниците? Тоа е само еден пример кој сакам да го дадам.
Членот 102 од законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, треба под итно да се смени и сите објави да можат да се наплатат од страна на медиумите затоа што нашата програма не е бесплатна, а нашите вработени на крајот на месецот ја чекаат заработената плата. Институциите , јавните претпријатија и општината имаат потреба за огласување, а за да ги објавиме треба да се платат како и сите огласувачи.
Медиумите особено локални, не бараат милиони бараме да обезбедиме плата за вработените и да имаме средства да вработиме новинари и технички персонал.
Медиумските работници од радио Бум, јавно се откажуваат од ЗНМ и се против сите нивни реакции и ставови.
„Поради тешката финасиска состојба во која се наоѓа локалната радио станица, Радио Пела (Прилеп), поради состојбата со здравствена криза (особено во Прилеп, каде постаојано расте бројот на заболени лица) бараме од Владата, финасиска помош за одржливост на локалните радио станици во внатрешноста на Македонија и промена на чл.102 од Законот за АВМУ, односно обезбедување можност локалните комерцијални радиостаници да се вклучат во информирањето од јавен интерес.
- Бараме излез за преживување и покривање на основните трошоци за работа, плати за вработените најмлалку 6 месеци , бидјеќи сме законски обврзани да имаме минимум број вработени, и покривање на тековните месечни трошоци. (Надоместокот на минималната плата е недоволен за направената штета од здравствената криза.)
- Со новата криза на Ковид 19, локалната радиостаница , Радио Пела доживеаја огромно намалување на приходите преку стопирање на реклами, откажување на договори и намалување на буџетите на компаниите (ставени сме во категоријата “трошок“). Споредбено со 2019 огласувачите, кај нас, се намалени за 82% .
- Не сме во можност ниту да отпуштиме работници, бидејќи нивна замена во време на пандемија не може да се најде во градовите во внатрешноста.
- На сето ова влијае и тоа што пред неколку години со забраната за рекламирање на локалните институции, (поради чл.102 ) минималениот приход кои го добиваа локалните радиостаници (од 10 /25 % ) СЕГА е забранет од страна на државата, така што финансирањето стануа дефинитивно главен проблем на локалните радио станици, кои сеуште се третираат како „јавен сервис“, поради барањето на локалните институции да вршат одредени огласувања под т.н „информирање од јавен карактер“, иако ние сме комерцијални радио станици, а не сме јавни или непрофитни радија.

 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)