на 76 години. Тој од јули се лекуваше во Загреб откако му беше извршена сложена операција на срцето.
Слабинац е роден во Осиек во 1944 година и на рана возраст почнал да се занимава со музика и глума. По членувањето во групата „Динамити“, започнал соло кариера на крајот на 1960-ите, а соработката со најпознатите хрватски композитори од тоа време му донесе огромна популарност низ цела Југославија, која ја претставуваше и на Евровизија во 1971 година.
Неговите хитови од првата фаза на кариерата како „Три слатки зборови“, „Подари ми еден ден“ и „Поради една убава црна жена“ се здобија со вонвременски статус. Песните „Плачам“ и „Летај ми, летај гулабе“ и „Ангела“ ги сними на македонски јазик.
Во средината на 1970-ите замина во САД со цел да прави меѓународна кариера, а откако се врати во Југославија се посвети на хрватската изворна музика.
ЕКС ЈУ – Почина Кичо Слабинац
Крунослав Киќо Слабинац, еден од најпопуларните пејачи во поранешна Југославија, почина утрово