ДАФ ќе се одржи – Започнува на 6 септември

26 Авг 2020
2482 пати

ДАФ на Македонија Кочани ќе се одржи и оваа година, наместо, според традицијата, во месец мај, ќе има

повеќе викенд-изведби во септември и првиот викенд од октомври, најави Дарко Спасов, претседател на Собранието на најзначајната манифестација на драмските аматери во државата. .

Содржините на ДАФ ќе се одиграат на отворено, а ќе започнат на 6 септември, недела, во предвечерието на Денот на ослободувањето на Кочани, на Споменикот на слободата.
Програмата и локациите на настаните ќе бидат објавени на 31.8.2020.
Фестивалската управа ги следи препораките на здравствените власти и протоколот за организирање настани од Владата на РС Македонија и најавува фестивал кој строго ќе се придржува до нив, се наведува во соопштението од Собранието на ДАФ на Македонија.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)