во Скопје ќе се одржи „Рок-академија“, чиј повод е јубилејот – 50 години рокенрол во Македонија. Организатор на оваа манифестација со мултимедијална програма е „Орфеј МК“, каде претседатели се Костадин Икономов и Симеон Иванов – Канго.
Програмата започнува во 20 часот со видео-рок, следува рок-балет и стендап комедија на „Ораториум“. Истата вечер во 21 часот ќе се одржи рок-канонада со млади бендови, че има „jam session“ на познати рок-херои и повторно стендап (комедија).
Межу учесниците се споменуваат Зорица Поп Панкова, Гаро Тавитјан, Раде Рогожаров, Драган Б. Костиќ, Оливер Белопета, Бубо Каров, Јордан Плевнеш, „Нон стоп“, „Силви бенд“, „Канго фаланга“, вкупно педесетина звучни рок-имиња и бендови.
Медиумски покровител на „Рок академијата“ закажана за 10 декември, покрај останатите е и КФМ Радио.
ВО МКЦ на 10 декември: „Рок – академија“ на Канго и „Орфеј“
На 10 декември во Младинскиот културен центар