Задолжително почитување на мерките за заштита од коронавирусот

04 Апр 2020
515 пати

Во пресрет на деновите од викендот, а во контекст на вонредната состојба и мерките што произлегуваат за спречување и заштита од ширење на коронавирусот,

Општина Кочани потсетува на забраната за движење.

Забраната за движење в сабота и недела започнува во 16:00 часот и ќе трае до 5:00 часот наутро.

Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот.

Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев повикува доследно да се почитуваат сите мерки и препораки од Владата, Министерството за здравство и Светската здравствена организација, бидејќи само на тој начин ќе се даде придонес во намалувањето на ризиците за ширење на болеста КОВИД-19.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.