Даниел Кајмакоски македонски претставник на Евросонг 2015

13 Ное 2014
6570 пати

Даниел Кајмакоски победи на синоќашниот Скопски фестивал

со што ја доби можноста следната година да нè претставува на евровизиското натпреварување во Виена.
Даниел настапи со композицијата „Лисја есенски“ и освои вкупно 22 поени. Познатиот пејач доби и парична награда во износ од 20.000 евра.
На второто место остана Тамара Тодевска со својата песна „Брод што тоне“ (20 поени), а третопласирана беше Еги со песната „Да не те сакам“ (18 поени).
Васил Зафирчев беше домаќин на фестивалот кој се одржа во „Метрополис арена“. Вкупно 20 композиции беа изведени од познати македонски пејачи во придружба на ревискиот оркестар на МРТ. Победникот беше избран по евровизиски метод, т.е. со телефонско гласање и оценување од страна на меѓународно жири во сооднос 50-50.
Јубилејното 60-то издание на Евровизија ќе се одржи во Виена, Австрија. Двете полуфиналиња се закажани за 12 и 14 мај, додека финалето е планирано да се одржи на 16 мај 2015 година. Годинава во музичкиот натпревар победи Кончита Вурст со „Rise Like a Phoenix“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.