И годинава по патеките на Тоше...

22 Јан 2020
336 пати

На 28 – ми овој месец во Спортската сала во Кочани со почеток во 20:00 часот ќе се одржи

веќе традиционалниот хуманитарен концерт „По патеките на Тоше“, чиј организатор е кочанецот, Тоше Илиев.
Оваа година на концертот своето учество го потврдија повеќето пејачи од локалната сцена како Петар Малинов, Оливер Стаменков, Сања Златкова, Драгана Јорданова, Дарко Стојчов, Јован Стојанов, Кристијан Петров и Татро Бенд, како и неколкумина од пошироката македонска музичка сцена: Мина Блажев, Филип Пецовски и Наташа Малинкова.
Цената на влезницата изнесува 100,00 денари.
Да ја покажеме уште еднаш хуманоста на дело, вели организаторот.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)
Повеќе во оваа категорија: « В сабота - Влатко Лозановски во Пулс

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.