Од „Ледер“ – 150 столчиња за детската градинка, пакети со храна за сиромашни и клима уред за верниците

31 Дек 2019
1240 пати

Епитетот на добротвори и донатори, кој години наназад е нивна карактеристика

, компанијата „Ледер“ од Кочани го задржа и годинава. Во пресрет на новата 2020 година „Ледер“ додели 150 столчиња за детската градинка „Павлена Вељанова“ (објектот кај панаѓурот), триесет пакети со прехранбени продукти и клима уред.
Сточињата беа однесени во детската градинка, а пакетите и климата во цквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“. Црквата, пакетите ќе ги додели на семејства кои припаѓаат на социјално загрозените и ранливи категории граѓани. Клима уредот ќе биде инсталиран во кочанскиот црковен храм, да создаде пријатна атмосфера за верниците кои ја посетуваат.
Годинава Компанијата „Ледер“ прослави убав јубилеј – 30 години постоење. Формирана е во поранешна СФРЈ, како фирма за увоз и извоз и регистрирана е во декември во Белград. „Ледер“ е првата компанија со ваква дејност во источниот дел од Македонија.
Во името на оние што ќе ги добијата пакетите со прехранбени продукти се заблагодари ѓаконот Димитар Арсовски, нарекувајќи ја компанијата „Ледер“ – благочестива. „Тие постојано им помагаат на оние што помалку имаат, во случајот радосни и посреќни да го дочекаат рождеството Христово и новата 2020 година“.
„Столчињата ќе бидат сместени во трпезаријата. Му благодарам на пријателот на дечињата, фирмата ’Ледер’. Оваа донација оди во вистински раце“, рече Едита Миткова, директорка на ДГ „Павлина Вељанова“.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.