Честитка од градоначалникот на Кочани Николчо Илијев, по повод 8 Септемри – Денот на независноста на Македонија

09 Сеп 2019
124 пати

Почитувани сограѓани, Од мое име и од името на Општина Кочани, Ви го честитам, 8 Септември, Денот на независноста

на Македонија.
Создавањето слободна и самостојна национална држава, како историски стремеж на нашиот народ е обврска на сегашните и на идните генерации, таа да се гради и да се развива.
Повикувам во амбиент на меѓусебно разбирање и почитување, дијалог и соработка, толеранција и соживот да создаваме просперитетна и сигурна иднина за сите.
Ви го честитам празникот и Ви посакам добро здравје, благосостојба и подобар живот.

Градоначалник на Општина Кочани,
Николчо Илијев

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.