Писмо од слушател (читател) – Доведени сме во ситуација да се тепаме за паркинг

07 Авг 2019
1511 пати

Добивме писмо од наш слушател кое се однесува на проблемот со паркирање во централното градско подрачје.

Го пренесуваме во целост. Писмото ќе го доставиме и до надлежните институцаии во Локалната самоуправа. Кога ќе добиеме нивно видување за проблемот, исто така ќе го објавиме во целост. Следете не !

Добар ден, Би замолил писмото да биде објавено во јавност како би стигнало до ушите на надлежните и засегнатите. Доведени сме во ситуација да се тепаме за паркинг. Буквално!! Општо познати се трите основни проблеми со кои се соочуваме во последните неколку години: кучињата скитници, комарците во лето и паркинзите. Ако неможете да ги решите основните проблеми незнам зошто се нафаќате на функциите кои ги вршите!!! Стуацијата во градот е лудило, сигурно имате забележано и незнам како не ви смета, колони на возила вртат кругови и кругови за да дојдат до паркинг, а паркинг ни за лек-буквално, неможеш до аптека да застанеш за недај боже. Од Автобуската станица до градскиот плоштад да најдеш паркинг за 15 минути е чиста среќа, вртиме од 20-45 минути за да дојдеме до паркинг, а тоа кошта време , пари ( 150-200 денари на ден ) и многу нерви. Од друга страна тука е Полицијата која го казнува секое неправилно паркирање и уште повеќе се зголемува револтот кај граѓаните. Проблемот и не би бил толку сериозен ако не се тука и сите дуќанчиња во центар кои мораат да си вршат одредени достави, а секако и аптеките до кои нема пристап.
Да се разбереме проблемот не е само во август кога се вракаат иселениците , тука во текот на целата година е исто, а сега е само влошен. Ова би било разбирливо ама да сме некој милионски град, а за град од едвај 30 000 жители да не може да се реши еден ваков проблем кој другите градови веќе го решија дали со паркинзи на реката или катни гаражи е неразбирливо. Слободно можете да продолжите со лагите од последните 10 години дека "ќе" направите катна гаража и да си ги гледате проектите со асфалтирање на патишта во Рајчани и слично, ама за разлика од другите можете и нешто да превземете и да ве запомтат по нешто.
Со надеж за брзо решавање на проблемот - Б.Коцев

Оценете ја оваа вест
(3 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.