Објавен повикот за доделување на највисоките општински награди

01 Авг 2019
602 пати

Општина Кочани објави јавен повик за доставување предлози за доделување Награда за значајни остварувања

за развојот на општина Кочани и Награда за животно дело.

Наградата за значајни остварувања за развојот на општина Кочани е во форма на плакета и се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Наградата за животно дело е плакета и се доделува за постигнати исклучителни разултати и остварувања во областа на науката, иноваторството, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, по претходна оценка на Одборот за доделување награди на Општина Кочани.

Предлозите за доделување на наградите, со приложено образложение, се доставуваат до Одборот за доделување награди на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр.1.

Јавниот повик трае од 1 до 25 август 2019 година.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.