Одговор на одговорот...

17 Јул 2019
782 пати
Почитувани сограѓани,
По денешната прес-конференција на ДПМНЕ, го забележуваме нивниот огромен страв дека ќе
биде обелоденета нивната вмешаност во корупцијата – од која тие и нивните функционери
никогаш не се откажаа.
Апелираме секој што ќе биде рекетиран, уценуван и на било кој начин омаловажуван – да пријави
во надлежните институции. Причината зошто ќе бидеме со граѓаните е тоа – да се дознае
вистината! Со последното апсење ние покажавме зрелост и така ќе биде за секој.
ДПМНЕ се докажа како неписмена партија која не чита пресови, туку чита партиски директиви и
употребува лаги и термини кои не доликуваат на прес.
СДСМ беше и ќе остане со народот, заедно со сите членови. Очигледно, ова е најголемата закана
за ДПМНЕ, кое со години ја тероризира оваа држава. Крадењето и криминалот се олицетворение
со име ДПМНЕ. Вистината ќе се дознае!
 
Претседател на ОО СДСМ – Кочани
 
Гоце Серафимов
Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.