„Намбареја“ најново од Сара Мејс

20 Окт 2014
6554 пати

"Намбареја" e најновата песна на Сара Мејс, ексцентрична

и привлечна девојка, која го привлече вниманието на публиката со извонредната песна "Врне Врне". Потоа следуваше и "Денот да е убав", до најновата „Намбареа“.
Најновата песната („Намбареја) е дело на Сара и Ива, текстот на Сара, а аранжманот на Роберт Билбилов.

Спотот е во реализација на Горила Филм. За приказната да се спакува во видео се погрижи Дарко Мораитов, директор на фотографија се потпишува Кристијан Теодоров, а за look–от на Сара се погрижија Елена Лука и Студио Алур. Послината половина и воедно кореограф во видеото е танчарот Мишо Спасовски, минатогодишниот финалист и партнер на Мејс во шоуто „Танц со ѕвездите“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.