На 16 мај – Ѕмбова Донева ќе се претстави со прва самостојна ликовна изложба

13 Мај 2019
552 пати

За четврток,16 мај, е закажана првата самостојна ликовна изложба на Нада Ѕмбова Донева, насловена Урбани пејзажи. Овој настан од културата

ќе се одржи во Национална установа Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани и ќе започне во 20 часот.
Нада Ѕмбова Донева на изложбата ќе се претстави со дваесетина дела работени во техниката акрилик на платно. Нада е родена 1970 година во Штип, живее и твори во Кочани. Завршува студии по биологија на ПМФ, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, 1995 год. Работи како наставник по биологија во Кочани во ОУ „ Св. Кирил и Методиј“. Како наставник и обучувач учествува и организира неколку работилници, учествува на меѓународни конференции, а од 2017-2019 год. е и ScientixАмбасадор за Македонија. Долги години имала и сопствена фирма каде се занимавала со модата и дизајнот. Потребата да се изразува во различни области на уметноста, пред неколку години и отвара нови хоризонти, каде што почнува активно да се занимава со сликарство.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.