АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА - Бројот на вработени ќе расте !

26 Апр 2019
1839 пати

Пред нешто повеќе од пет години, во октомври 2013 година во Кочани започна со работа американската

корпорација „Амфенол технолоџи Македонија“, која апсорбира вработувања од целиот регион и за сега брои околу 1 700 работници. „Амфенол“ веќе има две фабрики и четири погони, а годинава во тек е новата инвестиција за уште еден погон, кој ќе донесе дополнителни вработувања и нови околу 500 директни работни места. Тој динамичен развој во овој краток период, успеа да ја вброи кочанската компанија помеѓу дванаесетте најуспешни извозно ориентирани компании во земјава. Оттука, воопшто и немаше дилема на годинашнава манифестација „Најдоброто од Истокот“, новинарите од ЗНМ, признанието за најдобра странска инвестиција да и го доделат токму на американската компанија со седиште во Кочани – „Амфенол технолоџи Македонија“.
Неодамна и бизнис магазинот „Капитал“ ги објави податоците за профитабилноста на компаниите во Македонија. Со годишен раст на профитот од 506 %, „Амфенол технолоџи“ го смести на четвртото место веднаш зад млекарата „Битола“, а пред „Окта“ и Државната видео лотарија.
Растот на „Амфенол“ од година во година е се поголем. Според генералниот директор, Сашко Наков, бројот на вработени дополнително ќе се зголемува. Осебено се води грижа за вработување на млад стручен кадар, за која цел веќе е потпишан договор со СОУ „Гошо Виќентиев“, каде во самото училиште е отворен и мини погон на „Амфенол“. Во изминатиот период се подготвуваа обуки и усовршувања во странство. Имаше комуникација и со врвни фирми од автомобилската и останатата индустрија. Условите за работа се подобруваат секоја година, а со повеќе реализирани проекти и наградувања се води сметка и за општествената одговорност на компанијата.
Затоа, перманентно течат пријавите за отворени работни позиции во „Амфенол“ со нов работен кадар. Заинтересираните кандидати можат да аплицираат на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или директно во канцеларијата на фирмата.

Оценете ја оваа вест
(2 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.