На 4 мај – Хуманитарен перформанс за Славица Димитрован

24 Апр 2019
146 пати

На 4 мај во ЦК Бели мугри во Кочани ќе се одржи хуманитарен перформанс со музика и стенд ап комедија.

Собраните средства ќе бидат искористени за лекување на Славица Димитрова, која треба да замине за Русија на третман со матични клетки за подобрување на видот.
Ќе настапат Бојан Велевски, Никола Тодоров и Виктор Постолов. Во последен момент своето учество на овој хуманитарен перформанс го потврдила и поп-пејачката Искра Трпевска.
Перформансот во „Бели мугри“ започнува во 19 часот, а влезницата чини 100 денари.
Освен ова, штанд, на кој ќе се продаваат билети и ќе може да се донира, на 25 мај ќе има кај Тобако центар Анафил, а на 26 – ти кај кочанската Црква.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.