Испечатете ја страната

Од 26 до 28 јули - Aqva Summer Festival во Клуб Аква

16 Апр 2019
2024 пати

Летен музички фестивал - Aqva Summer Festival ќе се одржи во Клубот Аква во Кочани од 26 јули до 28 истиот

месец. Програмата е дневна и вечерна, а во текот на трите фестивалски дена ќе настапат дванаесет артисти и музички групи од Македонија, Србија, Бугарија...
Влезниците имаат поволна цена, посебно доколку се набват веднаш. Продажбата започнува на 20 април и целата тридневна програма (блок влезници) ќе ве чини само 600 денари, ако се купат до 20 мај. Доколку, пак, се решите да набавите блок влезници во периодот од 21 мај до 20 јуни, тогаш ќе треба да издвоите 800 денари. Доколку сте „бавни“ и посаката блок влезници од 21 јули до почетокот на фестивалот – 27 јули, блок влезниците за трите дена ќе ве чинат 1 000 денари.
Најскапо е ако влезиница набавувате пред самите концерти, на врата. Затоа, побрзајте, обезбедете се на време. Влезниците во предпродажба ќе ги има во Месмон маркетите.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

Последни објави radiokocani.mk

Поврзани вести