Лозот СО СРЕЌА за само 30 денари може да ве донесе до вредни парични добивки. Во серијата од милион лозови добитни се 342 567 лозови , што значи дека секој трет лоз СО СРЕЌА е добитен лоз. Добивките се парични, а започнуваат од 30 до 60.000 денари и тоа главната добивка ја има во 30 инстант лозови. Играта е забавна, едноставна, но и брза во дознавањето на добивката. Имено, по отстранувањето на заштитниот слој се открива еден број од полето насловено како ДОБИТЕН БРОЈ и четири броеви во полињата ТВОИ БРОЕВИ. Лозот е добитен доколку некој од твоите броеви се совпадне со добитниот број, а се остварува добивката под тој број.
Под мотото СО СРЕЌА , Државна лотарија на Македонија ви посакува добра забава за само 30 денари. Покрај актуелните инстант лозови кои нудат парични добивки Аладинова ламба, Златна Рипка, Златна Треска , Дијамант, Сеф, Државна лотарија ја проширува палетата на инстант лозови со уште еден, и на сите играчи им порачува : ЗАМИСЛИ ЖЕЛБА и СО СРЕЌА.
ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА