Зошто треба да користите Озонска терапија за бројни здравствени проблеми?

04 Апр 2019
243 пати

Општо познат факт е дека озонската обвивка што се наоѓа во горните слоеви на атмосферата го штити живиот свет

на Земјата од штетната сончева ултравиолетова радијација. Но, малку познато е дека озонот штити и од различни болести и штетни состојби во организмот, па честопати се користи и во медицински цели.
Главни придобивки од Gold Ozone
Зголемување на имунитетот, забрзување на циркулацијата, одложување на процесот на стареење, намалување на стресот и на хроничниот замор, подобрување на концентрацијата се само дел од придобивките од користењето на озонот. Истовремено, овој гас е и природен антибиотик кој за кратко време ги уништува упорните вируси, бактерии и габички. Озонот уште се нарекува и чудотворен борец против овие бактерии и вируси со оглед на тоа дека различни медицински истражувања спроведени во изминатите години покажаа дека тој е природен антибиотик кој за многу кратко време и многу поефективно ги уништува и најупорните „штетници“ во организмот.
Резултатите од истражувањата покажуваат дека личностите чиј организам е потхранет со озон имаат подобар имунитет, поубав тен и многу поведро расположение. Студиите на различни германски и руски лекари потврдија дека озонот во голема мера го зајакнува имуниот систем и енергетскиот потенцијал на организмот.
Понатаму, постојат различни комори и шатори со озон, како и озонски сауни во кои овој гас се апсорбира преку порите на телото. Друг метод е земање на крв од пациентите која во специјална постапка се збогатува со озон и повторно се враќа во телото на луѓето.
Поголемиот дел од овие методи се покомплицирани и се одвиваат во специјални установи сертифицирани за вакви постапки. Поради тоа, се смета дека наједноставен метод за внесување на озон е орално конзумирање на озонирана вода или пак капсули збогатени со озон.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.