ГФК „Осогово“ и се е можно – Рома на твитер го прогласи Осогово за тим на денот

13 Мар 2019
548 пати

Рома преку својот официјален твитер профил, го промовираше македонскиот клуб ГФК Осогово кој игра во

Третата македонска лига – Исток, но е шампион кога се во прашање социјалните мрежи.
Во Осогово од минатата година дојде модерно раководство кое има за цел да го врати клубот во Првата лига. Покрај на теренот, тие се трудат да победуваат и на социјалните мрежи, една таква победа извојуваа денеска, се наведува во повеќе наши портали.
Официјалниот твитер профил на Рома кој важи за еден од најдобрите, го промовираше Осогово. Тие напишаа: „Рома твитер тим на денот е ГФК Осогово, клуб од третата лига во Македонија. Формиран во 1924 година, клубот е од Кочани, град со само 35.000 жители. Еден од најактивните клубови на твитер во Македонија, целта на Осогово е да игра во првата лига додека својот 100 роденден“.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.