Наши Дами – 8 Март е ден за подобро утре

08 Мар 2019
914 пати

8 - ми март е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со

мажите. Не е ден за да се натпреваруваат родители кој поголем подарок ќе однесе на учителката, не е празник на мајката, бабата и сопругата, како благодарност што не перат и пеглаат. Ден е за да се сетиме дека некој некогаш се борел за жената да не биде граѓанин од втор ред, да биде среќна што може да работи и заработи и да не зависи од никого. Ден за подобро утре, на сите жени околу нас и оние што допрва доаѓаат! Кренете ги главите горделиво, на овој ваш ден и нека секој нареден ви биде посебен. Честит празник - наши ДАМИ !

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.