За меѓуродниот ден на жената - Општина Кочани обезбеди парична помош за жена

06 Мар 2019
199 пати

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев го прифати предлогот на Комисијата за еднакви можности

на жените и мажите, по повод 8 Март, да додели финансиски средства на жена, мајка, која има потреба од помош.

– Сметам дека на Меѓународниот ден на жената треба да приоѓаме како можност и поттик за остварување на права. Општина Кочани работи континуирано на планот на родовата еднаквост со примена на различни мерки и активности, a годинава воведуваме пракса за директна парична помош на жена – соопшти градоначалникот Илијев.

Иницијативата потекна од Комисијата за еднакви можности, која донесе ваков заклучок на седницата одржана во февруари, при определувањето соодветни активности за одбележување на Меѓународниот ден на жената.

Службениците од општинската администрација што работат со социјални категории и ангажираните лица во проектот Домашна посета што се реализира на подрачјето на општина Кочани заедно со Комисијата за еднакви можности, ќе утврдат предлог на лице што ќе ја добие оваа помош.

Поради законската регулатива што важи во предизборниот период во кој се наоѓа нашата држава, целата постапка ќе се реализира по завршувањето на изборите.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.