Кочанските ученици први во роботски дизајн и роботска игра

25 Фев 2019
807 пати

Учениците од тимот „The MakBot Pioneers“, при СОУ „Гошо Викентиев“ учествуваа на Првиот државен натпревар од FIRST LEGO – лигата на Република Македонија, кој се одржа на Факултетот за информатика при УГД – Штип, за деца од 9 до 16 години. Десет тима се натпреваруваа во четири рамноправни категории: роботска игра, роботски дизајн, проект и основни вредности, од кои пет беа само од Кочани.

Натпреварот ги поттикнува младите на научно – истражувачки дејности и помага во техничките науки, како програмирање и роботика. Овозможува заедничка соработка и размена на мислења со останатите тимови во лигата. – ни изјави ученичката Сара Стоилкова.

Соработувавме со тимовите од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и ОУ „Малина Попиванова“, споделувавме со тимот од „Амичи“, а заслугата за добиениот пехар прво место за најдобар дизајн на робот, освен на нас учениците секако е и на нашите ментори професор Ивица Јорданов и професор Гордан Анастасов. На робот гејмот имавме 98 бодови и бевме на четвртото место. – додаде Стоилкова.

По мисијата што ја започнавме заедно со „Ротари“ клубот – Кочани – Виница, успеавме ова натпреварување да го донесеме кај нас и да имаме наше сопствено првенство. Денот на натпреварот е всушност завршен чин на она што започнало уште пред неколку месеци, кога учениците континуирано се подготвуваа за изработка на проектите и финалниот производ. Темите и начинот на натпреварување се исти, како за сите земји од светот, каде се натпреваруваат околу 350000 ученици. – изјави за медиумите професор Гордан Анастасов

Екипата од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Robo Adventures, предводена од наставник - ментор Сузана Анева, го освои првото место во дисциплината роботска игра и второ место екипно и се пласира за учество на „Adria“ лигата, која ќе се одржи во Целје, Словенија.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.