Книжевен портрет на Јане Атанасов – Афоризмот е карактеристика на врвните мајстори на перото

10 Фев 2019
957 пати

Кочанската книжевна сцена, изобилува со творци. Секој од нив со своите дела го зголемува културното книжевно наследство. А, сите роднокрајни автори,

заедно, создале книжевна ризница, со која Кочани, треба да се гордее. Јане Атансов е еден од нив. Тој пишува повеќе децении. Уште во своите први дела, хумористичните ноти се доминантни низ стиховите. А напишал многу: песни, раскази, епиграми, афоризми..... Сепак, неговиот талент за најкратката литературна творба, афоризмот , ја одредил неговата специјалност . Оваа деценија ја посветил на афористичко усовршување . За неговите мудри мисли, повеќепати е наградуван. Дел од тие награди и признанија вечерва се изложени. Тие се јасен доказ дека, Атанасов, одлично ја владее играта на зборови. Со малку зборови, кажува многу, рече Габриела Стефановска, воведувајќи ги присутните гости во Фоајето 2 на ЦК „Бели мугри“ во вечерта посветена на книжевниот портрет на Јане Атанасов, роднокраен автор. Таа, како стручен соработник за книжевно-издавачка дејност заедно со другите вработени во Националната установа, веќе една година го реализира Проектот „Поезијата – повод и причина“, каде во центарот на вниманието се авторите од Кочани.
Вечерта на 6 февруари му припадна на Јане Атанасов.
- Тој во литературата е присутен уште од основното образование кога од неговиот ум и перо излегуваат првите стихови. Иако започнува со пишување на поезија тој ќе се најде во афоризмот. Со овој литературен вид кој умеат да го создадат само врвните мајстори на перото издал неколку самостојни и заеднички книги со други автори од Македонија, а ниту една поетска книга. А, има многу стихови и ако реши веднаш може се случи стихозбирка, и не една, особено сега кога негова врвна инспирација е внуката Вања, рече Славица Цеткова, промотор на книжевниот портрет на претседателот на „Афористичката репрезентација на Македонија, здружение на граѓани чие седиште е во Кочани.
- Бројни се и наградите за литературната дејност први, втори, трети и специјални на домашни и странски конкурси, фестивалите и манифестациите „Секси хумор“, „Ин Виница веритас“„Тримери“ „Делчево 2015“, на Вечерта на афоризмот „Кочани 2014“, а високо се котира и на елекстронските медиуми каде секојдневно објавува новосоздадени афоризми. Во минатото свои лични творби објавувал во весниците „Студентски збор“, „Остен“, „Кочански актиелности“, „Исток“, „Јеж“, „Јежев хумор“, „Секси хумор“ и други.
Ги објавил следниве книги: „Насмевки“(1994), „Кочанска мистерија“ (1995), „У-УА“ (2003), „Зипувани вистини“ (2009) и „За не-мирен сон“ (2015 ). Застапен е во Антологиите на македонскиот афоризаи „ Врели мразеви“, „Струмичка афоризница“ и на балканскиот афоризам „Алма“, „На врвот на вулканот“, „Будење на петелот“ „Кој е кој во афоризмот“, „Здивот на духот“ и друг Редовно неговите афоризми може да се сретнат и во книгите, алманасите и билтените кои ги издава Литературниот клуб „Копнеж“ и ЈОУБ „Искра“ од Кочани каде Атанасов членува уште од почетокот на седумдесеттите години на минатиот век. „АУ“, навистина импозантен опус овенчан со бројни награди и признанија. Тој е идеен творец на Здружението на граѓани „Афористичка репрезентација на Македонија“ со седиште во Кочани и негов претседател како и на манифестацијата „Денови на македонскиот афоризам Кочани“, која редовно се одржува во нашиот град, додаде Цветкова зборувајќи за творештвото на Атанасов.
Презентацијата на книжевниот портрет на Јане Атанасов беше збогатена со читање негови песни од страна на Мартина Ристевска, Анастасија Михаилова и Раман Рушенов, членови на театарско – рецитатрската група на „Бели мугри“, што ја раководи актерката, Силвана Јаневска.
Според најавите на Габриела Стефановска, портретите на писателите од Кочани редовно ќе ги има на програмата на ЦК „Бели мугри“ и оваа година. Следуваат творештвата на Симеон Иванов – Канго и на Славица Цветкова.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.