Радески до кочанчани : „Ви посакуваме успешна и среќна Нова година!“

31 Дек 2018
265 пати

ОО на СДСМ на Кочани денеска одржа прес конференција. Зборуваше претседателот на локалниот огранок на владеачката партија, Дарко Радески. Кажаното ви

го пренесуваме во целост...
На самиот крај на оваа календарска година преку ова обраќање сакаме да потсетиме на дел од проектите реализирани од страна на локалната самоуправа но исто така и проекти подржани и реализирани од страна на централната власт.
Во изминатиот период од преземањето на локалната власт во Кочани и поддршката на Николчо Илијев како кандидат за градоначалник, горди сме за успешното, домаќинско и одговорно располагање на општинскиот буџет и реализираните проекти. Спојот на централната и локална власт резултираше со многу успешно завршени проекти од кои најголем бенефит имаат граѓаните на општина Кочани.
Изминатава година од страна на централната власт пристигнаа околу 200 милиони денари поддршка што е повеќе од годишниот буџет со кој располага општината и е поддршка која е незабележана во изминативе дваесетина години.
Ќе споменам само некои од проектите:
• Реконструкција на 1 фаза на регионалнит пат до Пониква во износ од 102 мил. денари,
• Во завршна фаза е реконструкцијата на Центарот за култура Бели Мугри,
• Расчистување на долговите во образованието,
• Асфалтирање на најмногу улици за една година во споредба со последните 10 години,
• Отчетно и транспарентно располагање со парите на граѓаните....
Почитувани сограѓани, во идната интеграциска година во Република Македонија очекуваме значително придвижување на економијата а со тоа и поуспешна реализиција на инфраструктурните проектите и проекти од локално значење, се со цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани во нашата општина.
Почитувани граѓани на општина Кочани,
Ви посакувам успешна и среќна Нова година, и во многу здравје, благодет и заедно со своите најблиските да ги дочекате Божиќните празници!

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.