„Ледер“ донираше столици за Здравствениот дом од Крива Паланка

12 Дек 2018
562 пати

Компанијата “Ледер” од Кочани, денеска ги израдува вработените од ЈЗУ Здравствен дом – “Академик

Проф. Д-р Димитар Арсов“ – Крива Паланка.
Со заложба на министерот Љупчо Николовски кој потекнува од оваа општина и искрената поддршка од сопственикот на компанијата “Ледер”, Драгослав Здравков, во Здравствениот дом во Крива Паланка пристигнаа 90 столчиња кои ке бидат користени за потребите на болничките одделенија, амбулантите, брзата помош и во ординациите.
Предходно, оваа компанија беше вклучена во обезбедувањето помош за настраданите семејства од поплавите во Скопско со шлепер минерална вода за пиење како и неколку стотици столици за граѓаните од ова подрачје. Исто така “Ледер” неодамна донираше столици за вработените во Територијалната Против Пожарна Единица во Кочани како и во Општата болница во Кочани.
Затоа, компанијата “Ледер” може слободно да се вброи во листата на општествено одговорни компании чиј сопственик ја покажува хуманоста на дело.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.