Во Кочани само една четвртина такси возила со лиценца - другите “диви“

12 Ное 2018
1196 пати

Здружението на лиценцирани авто- такси превозници од Кочани одржа состанок, на кој беше разгледана моменталната состојба со такси превозот во општина Кочани. На состанокот како што извести на средба со новинарите претседателот Јоце Каров, било констатирано дека во општина Кочани функционираат 170 такси возила од кои, 43 со комплетна документација, односно лиценцирани, додека над 120 оперираат како таканаречени, диви такси возила. Во Кочани, во моментов функционираат 2 такси компании. Во едната има 43 лиценцирани такси возила со фискални апарати, а во другата има 52 во кои само десетина се со лиценци, а другите функционираат како „диви“. Истата таа такси компанија работи во 3 смени и претставува нелојална конкуренција на сите останати кои се занимаваат со такси превоз. Поради тие причини им даваме силна поддршка на институциите да излезат на терен, да извршат контрола и да ги спречат дивите таксисти во понатамошното извршување на дејноста такси - превоз, зошто на ваков начин и ние легалните такси превозници ќе бидеме приморани да фунционираме на црно рече Каров.

Затоа, одлучивме на 14.11.2018, со почеток во 10 часот, да организираме мирен протест, со кој јавно ќе го лоцираме проблемот и нелиценцираните возила, кои ги идентификувавме во изминатите 2 месеци, а на институциите ќе им дадеме целосна поддршка во вршењето на нелегалната дејност.

Свое видување на проблемот имаше и Тоше Јанев, такси превозник со лиценца, кој повеќе од 20 години ја врши оваа дејност. Тој меѓу другото ги истакна трошоците со кои се соочуваат легалните таксисти и новата такси цена која е изгласана од Советот на општина Кочани и е повисока од 5 до 10 денари за разлика од таксистите кои возат без таксиметар и наплаќаат паушално, некогаш поевтино, а друг пат поскапо, што не е добро ниту за патниците, ниту за легалните такси превозници.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.