На 29 октомври, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 17 редовна седница

24 Окт 2018
511 пати

Врз основа на членот 33, став 1, алинеја 1 од Деловникот на општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“

бр.5/06 и 2/012), ја свикувам 17-тата седница на Советот на Општина Кочани за 29.10.2018 година (понеделник), со почеток во 9.00 часот во Салата на Советот на Општина Кочани, со следниот предлог за

Д Н Е В ЕН Р Е Д

1. Извештај за работењето на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2017/18 година и Програма за работа за 2018/19 година

2. Предлог-решение за разрешување и именување член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани

3. Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01.2018 година до 30.09.2018 година

4. Извештај за извршување на Буџетот на Општина Кочани за III квартал од 2018 година

5. Буџетски календар за 2019 година

6. Правилник за постапка и критериуми за распределба на средствата од буџетот на Општина Кочани во областа на спортот

7. Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за доделување стипендии на студенти жители на општина Кочани

8. Предлог-одлука за намера за реализација на проект по пат на задолжување

9. Предлог-одлука за престанување со работа и спроведување на ликвидација, промена на назив на фирма, промена на скратен назив на фирма и назначување на ликвидатор на Меѓуопштинското јавно претпријатие за управување со отпад „ДЕПОНИЈА ИСТОК“ – Штип

10. Предлог-одлука за престанување со работа и спроведување ликвидација, промена на назив на фирма, промена на скратен назив на фирма и назначување на ликвидатор на Заедничкото јавно препријатие „ПОНИКВА КП“ – Кочани

11. Предлог- решение за именување членови на Општински совет за превенција од малолетничко престапништво на Општина Кочани.

12. Предлог-одлука за донесување на урбанистичко-планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти изградени надвор од планскиот опфат за КП бр.8246, КО Кочани; за КП бр.253, КО Припор; за КП бр.342, КО Црвена Нива.

Претседател

на Советот на Општина Кочани,

Томе Солевски

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.