„Денови на кочанскиот ориз – 2018“: Повик за учество во Изборот на жетварска убавица

07 Сеп 2018
193 пати

Во рамките на подготовките на 27. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“, кое годинава ќе се

одржи на 27, 28 и 29 септември, Општина Кочани како организатор го објави повикот за учество во Изборот на жетварска убавица.
Според пропозициите, на конкурсот може да се пријават девојки кои се жители на општина Кочани и се на возраст од 15 до 20 години, а во изборот може да учествуваат најмногу 15 учеснички.
Пријавувањето е од 6 до 12 септември 2018 година во Општина Кочани.
Изборот на жетварска убавица со годините прерасна во уметнички перформанс со кој симболично се слави оризовата жетварка, жената што според традицијата ја започнува жетвата.
Со овој настан ќе започнат „Деновите на кочанскиот ориз – 2018“, чии содржини главно ќе бидат лоцирани во Градскиот парк во Кочани.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.