Во осумте кочански училишта започна новата учебна година

03 Сеп 2018
330 пати

За 4 089 ученици, во основно и во средно образование во Кочани започна новата учебна 2018/19 година.

Во петте основни училишта годинава се запишани вкупно 310 првчиња во 20 паралелки, 27 ученици повеќе од минатата година. Средното образование го започнуваат 262 ученика во двете средни училишта, гимназијата „Љупчо Сантов“ и техничкото „Гошо Викентиев“, каде ќе учат 1 334 ученици.
Оваа учебна година во Основното музичко училиште „Ристо Јуруков“ ќе учат 142 ученика од кои 15 се во прво одделение.
Успешен почеток во новата учебна година на учениците што го започнуваат средното образование во СОУ „Љупчо Сантов“ им посака и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев.
– Образованието е најважниот столб во општествениот систем. Затоа сите кон своите обврски и задолженија да пристапат свесно и одговорно, за да си обезбедиме и себе и на идните генерации подобра иднина и поубав живот – порача Илијев.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.