На 18 август на Споменикот на слободата – форум: Младински перспективи за локален развој

14 Авг 2018
688 пати

Општина Кочани и Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт“ во Скопје организираат форум на тема „Младински перспективи за локален развој“.

Настанот ќе се одржи в сабота, на 18 август 2018 година од 18 – 20 часот на Споменикот на Слободата во Кочани. Дискусијата се организира во рамки на Freedom Music Festival кој за прв пат ќе се одржи годинава и на кој учество ќе земат повеќе домашни и меѓународни диџеи.

Поаѓајќи од самиот наслов и мотото на фестивалот, двочасовната дискусија ќе им овозможи на младите од Кочани, покрај добрата забава да ги споделат своите идеи, ставови и потреби за ефективен локален развој. Заеднички, со градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев како и со експерти во младинските политики на национално и регионално ниво, младите ќе се обидат да дадат одговор на прашањето: На кој начин членството на Република Македонија во ЕУ ќе придонесе за унапредување на можностите на младите луѓе во Кочани во поглед на образование, вработување, културен и социјален живот, инклузивност и учество во демократските процеси на локално ниво?

Орагнизаторите ги повикуваат младите да ја збогатат програмата и со лични идеи и ставови да придонесат младите да го добијат вистинското место во социо-економските и општествените процеси на локално ниво.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.