Учениците на генерацијата од Кочани летуваат на хрватскиот остров Паг

08 Авг 2018
190 пати

Првенците на генерацијата од основните и средните училишта во Кочани го користат седумдневниот одмор во Паг, Република Хрватска. Ова е

награда од Општина Кочани и градоначалникот Николчо Илијев за успесите постигнати во школувањето. Летувањето на хрватскиот остров Паг е резултат на повеќегодишната соработка на збратимените општини Кочани и Крижевци.

– Поаѓајќи од идејата дека контактите и зближувањето на луѓето од двете општини е најважно за одржување на соработката, веќе трета година се реализира идејата за летување на кочанските ученици во Паг и зимување на крижевски ученици на Пониква. Настојуваме овие пријателски општини да ја продлабочуваат соработката во сите сфери од живеењето, во делот на развој на бизнисот на мали и средни претпријатија, образованието, културата – вели градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Покрај вообичаените летни активности, учениците посетуваат познати локации, културни-уметнички институции и настани. Во нивна придружба се Марија Ѓорѓиева од Општина Кочани и Дивна Јанушева, наставничка од ОУ „Раде Кратовче“.

Покрај бесплатното летување, учениците на генерацијата од Кочани како награда од Општината добија и по 6 000 денари.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.