Честитка по повод Илинден од градоначалникот на Општина Кочани

02 Авг 2018
154 пати

Илинден е темелник на засебноста, идентитетот и на нашата државотворност. Славејќи ги двата Илиндена, од 1903 и од 1944 година

ги спојуваме стремежите на старите и новите илинденци кои нè водеа по патот за создавање на нашата современа држава. Илинден е мотив за сите генерации нашата држава да ја градат како заеднички дом на сите граѓани без разлика на верската, националната и етничката припадност. На сите граѓани на Општина Кочани и на сите Македонци ширум светот им го честитам Илинден и им посакувам мир, здравје, успеси и среќа.

Градоначалник на Општина Кочани,
Николчо Илијев

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.