„Тенеси“ ја примија наградата за животно дело

13 Јул 2018
293 пати

Вокално инструменталниот состав „Тенеси“ ја примија наградата за животно дело на свечената седница на Советот на Општина Кочани, со

што завршија петровденските празнувања. Компанијата „Антура“, пак, го доби признанието за значајни остварувања во претходната година.
Посебно чуствителни беа членовите на „Тенеси“, рокери кои многу значат за музичкиот живот на Кочани во шеесетите и седумдесетите години од минатиот век. Направија вистинско шоу. Отсвиреа и отпејаа неколку композиции, беа среќни и задоволни, присутните во МКЦ ги наградија со голем аплауз...

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.