По трет пат регионална ифтар вечера во Кочани

27 Мај 2018
1438 пати

Се наоѓаме во месец Рамазан, месец на дарежливост, добрина, милост, љубов и простување.

Како што изјави за Радио Кочани ФМ,исламскиот теолог Мухамед Мемедов, кој врши верски обреди на територијата на Источна Македонија.„ Секој правоверен кој ги почитува постите, не треба да јаде и пие од изгрејсонце до зајдисонце (ифтар). Во тоа време да се воздржува од интимни односи, но и од лоши мисли, идеи и дела“. Регионалната ифтар вечера по трет пат се одржува во Кочани, со повеќе од 250 гости од Крива Паланка, Кратово, Пробиштип, Виница, делчево Пехчево и Скопје, а присуствуваа и петседавачот на Советот на општина Кочани, директорот на КЈП Водовод и други значајни гости. Поделени се околу 400 пакети на посиромашната муслиманска популација. Во овој месец се објавуваат поглавјата од куранот. Најважна е 27- та ноќ, во која се бара бериќетот. По триесетдневниот рамазански пост, следува тридневен рамазански Бајрам. По тој повод оџата Мухамед на сите верници им го честиташе празникот. Искрени честитки и од Кочани ФМ Радио.

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.