Се срамиме но навистина немаме каде ...

21 Мај 2018
1196 пати

Градот Кочани со години наназад е без јавен тоалет, откако од поодамна надвор од функција се јавното WC 

спроти кулата ,,Треска“ и она што во еден период се користеше во градскиот пазар.

Повеќето граѓани на Кочани и не се толку многу засегнати од ваквата состојба, но сепак на ова реагираат жителите од околните  општини,  кои доаѓаат на шопинг во Кочани. Во последно време се позабележително е дека најмногу се засегнати таксистите од бројните такси компании во градот, кои кога ќе ги спопадне нуждата, не бираат ниту време,

ниту место , па на очиглед на граѓаните се олеснуваат во блиската природа, најчесто околу спомен домот АСНОМ.

Обично го паркираат такси возилото, ја оставаат вратата отворена и се трудат што побргу да завршат работа, а никој да не ги види. Но ако беше тоа така и Радио Кочани немаше да реагира, што овие луѓе, навистина и неамаат каде во отсуство на градски тоалет. Имено нивната работа се одвива на различни локации во градот и околните населени места.

Велат и ние не сме виновни! Просто немаме каде! 

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.