Викнале противпожарна екипа во Т.Ц.Кочани, а тоа што потоа се случило...

27 Апр 2018
2943 пати

Бизарна случка вчера попладне ја измами ТППЕ Кочани.

Имено станарите од зградата во трговскиот центар од страната на големиот паркинг, пријавиле пожар, откако забележале димна завеса, во еден од становите. Противпожарната екипа пристигнала во најкус можен рок, кога помалку иронично забележале дека еден од станарите, на терасата подготвува скара за ручек. Пожарникарите со доза на нервоза, поради лажниот аларм се вратиле назад, а присутните граѓани видно расположени, со насмевки на лицето го проследиле настанот.

И покрај лажната тревога честитки за ТППЕ за брзата реакција.  

Оценете ја оваа вест
(1 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.