Со љубов за Канго – На 5 -ти и 6 - ти мај Космополитски собор на дабот кај Бели

20 Апр 2018
1326 пати

По смртта на големата рок легенда Симеон Иванов Канго, кај многу граѓани честа тема на разговор беше дали и понатаму ќе се случуваат настаните од манифестацијата за Мактеонот, рок

хепенингот „Орфејски мистерии“ и други негови дела.
Од повеќе контакти и објави на социјалните мрежи дојдев до заклучок дека кај многу луѓе постои желба тоа да продолжи, со конкретни идеи и предлози, во чест, слава и сеќавање на Канго. За да не остане само на желба и муабет, решив да стапам во контакт со некои од нив и со сите наидов на позитивен одговор. Потоа следуваа контакти и средби со членовите на фамилијата на Канго и се договоривме за понатамошните активности. Најпрвин се формираше Иницијативен одбор кој ќе се залага достојно да го продолжи делото на Канго, познатиот македонски рок музичар, гитарист, поет и сликар. Иницијативниот одбор се заложи да го организира 23 - от КОСМОПОЛИТСКИ СОБОР- „МАКТЕОН“ , на ден 5 и 6 мај, 2018 година, со следната програма:
На ден 05.05.2018 година, сабота: - 17:00 часот - фоллкорно дефиле низ улиците на градот и настап на ансамбли на летната сцена на НУЦК „Бели Мугри“, Кочани. - 20:00 часот – Рок Трибјут настан „Орфејски мистерии“ , на летната сцена на НУЦК „Бели Мугри“, Кочани.
На ден 06.05.2018 година, недела, на Дабот, село Бели: - Голем народен собор, - Симболично палење на оганот на вечноста со рецитал - Играорни групи - Поетско излагање - Говор во чест на хероите Иницијативниот одбор објавува ЈАВЕН ПОВИК до сите граѓани, здруженија, и правни лица кои сакаат да бидат дел од одборот, да учествуваат во организирањето на настанот и помогнат во остварувањето на програмата. Исто така, ПОВИК ДО РОКЕРИТЕ - ги покануваме сите заинтересирани бендови да не контактираат за да учествуваат на рок хепенингот „Орфејски мистерии“ на ден 05,05,2018 , сабота. Ве повикуваме, да му возвратиме со љубов на оној кој многу не љубеше сите , и со многу љубов правеше се за Македонија.

Организатор: Рок-Кор „Орфеј“, Контакт: Ненад Стојанов, Кмето. Тел: 077-561-222

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.