„Гарден“, 20 септември, 22 часот - Концерт на „Sethstat“

16 Сеп 2014
7596 пати

„Sethstat“ веќе дваесет години неуморно ја промовираат македонската џез-сцена

и бендот зад себе има пет успешни албуми. Нивното најново, шесто по ред издание, „Petit Cinematique“, е своевидно надоврзување на претходниот албум „Кораб“, но не и задолжително продолжување на истата тема, туку станува збор за музичко патување само засебе или како што велат „Sethstat“ – музичко патување со себе, во себе и меѓу...себе, растегнат врз замислен, но реален свет.
Музиката на „Sethstat“ е под влијание на модерниот начин на живот, но и под силно влијание на традиционалното музичко наследство. Тоа не се цитира, туку само служи како основа за нови тематски движења, уникатно аранжирани. Музиката кокетира со сите правци на џезот, рокенролот (панкот), „класиката“ и експерименталната музика.
Во „Sethstat“ членуваат: Владан Дробицки – трбн, Васко Бојаџиски – сакс, Пано Бијук – синтисајзер, Павел Дробицки – бас, Дино Милосављевиќ – тапани.
Влезницата за концертот на „Sethstat“ во барот „Гарден“ во Кочани, закажан за 20 септември во 22 часот, чини 150 денари. Место има за 150 гости.

Оценете ја оваа вест
(0 гласови)

ОПШТИ ОДРЕДБИ

Радио Кочани ФМ емитува сопствена програма, која според одредбите од Правилникот за форматите од радио и телевизиските програмски сервиси (застапеност на говорниот дел) спаѓа во редот на говорно-музичко радио со претежно информативен општ формат.